Во Скопје има подземни контејнери на 42 локации- Годинава ќе се инсталираат уште 12, придобивките се големи

 

Подземните контејнери во Скопје се покажаа како добро решение за управување со комунален отпад, истакна градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

Трајановски упати апел до сите граѓани, правилно да ги користат подземните контејнери да не го оставаат ѓубрето до нив и да не ги оштетуваат. Посочи дека до сега во Скопје такви контејнери се инсталирани на 42 локации. За оваа година најави дека ќе бидат инсталирани уште 12 по 3 контејнери во 4 општини.

kontejneri.jpg1

Со подземните контејнери Скопје има многу придобивки: отпадот е под земја и исклучена е можноста за ширење на миризба. Контејнерите собираат многу отпад а и горниот дел од нив е убаво инсталиран.

Инсталирањето на подземните контејнери е проект на град Скопје и заедно со комунална хигиена и општините.

 

 

 

11.02.2017 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега