Голем циклон ќе доведе до заладување - од вечерва промена на времето

Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со засилен југоисточен ветер.
Попладне и во текот на ноќта кон вторник, под влијание на краткотраен, но интензивен влажен бран, ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта во источните. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Во западните делови се очекува на повеќе места да наврнат од 10 до 15 литри на метар квадратен, а во источните локално и околу 20 литри на метар квадратен. Можна е и ретка појава на грмежи.
Исто така од УХМР предупредуваат дека ваквото време може да донесе и опасност од поплави.
Утринската температура ќе се движи од 0 до 4, а дневната од 6 до 16 степени.
Од вторник попладне ќе преовладува променливо облачно и посвежо време.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









