ФОТО: Пожар беснее во стан кај Универзалната Сала

 

Пожар избувна во стан кај Универзалната Сала во Скопје. Пожарот избувнал околу пладне во стан на улицата „Адолф Циборовски“, на шестиот кат. Брзата интервенција на противпожарната екипа, за што потврдуваат и соседите, спречила поголема штета, јавува Курир.

Неофицијално во станот се наоѓала жена, а пожарот избувнал откако дошло до електричен спој од сијалица, по што се запалил душек. Сепак полициската истрага треба да ги утврди причините за избувнување на пожарот.

Повеќе детали се најавени за подоцна.

 

 
 
03.02.2017 - 13:10
Фото: 
КУРИР

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега