Хаос на улиците во Скопје - повредени две лица

 

Во Скопје вчера се случиле вкупно 10 сообраќајни несреќи од кои полесно се повредени две лица.

Според евиденцијата на СВР Скопје, во текот на изминатите 24 часа, од сообраќајната полиција откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци, меѓу кои 25 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, осум возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и тројца возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон. Затекнати се и 56 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се вкупно 62 возила. 

 
 
05.01.2017 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега