Зимската служба на Град Скопје на терен - состојбата будно се следи

 

Екипите на зимската служба на Град Скопјесе на терен и од почетокот на снежните врнежи се фрлени 150 тони сол на градските булевари и улици.

 Екипите на зимската служба интервенираат низ градските сообраќајници и на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.

 Зимската служба на Градот будно ја следи состојбата иинтензивно се расчистува на терен.

 Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

 Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

 
 
05.01.2017 - 08:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега