Милиќ и Лазаров во тимот на колото
Голманот на Вардар, Страхиња Милиќ, како и капитенот на македонската репрезентација и член на Барселона, Кирил Лазаров, со прикажаната игра се изборија за место во иделаниот тим на деветтото коло од ракометната Лига на шампиони.
Лазаров со девет погодоци ја предводеше Барселона до победата над ПСЖ, додека Милиќ и покрај 12 одбрани не му помогна на Вардар да го избегне поразот од Киелце.
Тим на 9.коло во Лигата на шампионите во изборот на ЕХФ:
голман – Страхиња Милиќ (Вардар),
лево крило – Анхел Фернандез (Ла Риоха),
лев бек – Сејад Естеки (Динамо Букурешт),
среден бек – Борис Пуховски (Мотор Запорожје),
пивот – Игор Вори (ППД Загреб),
десен бек – Кирил Лазаров (Барселона),
десно крило – Тим Соренсен (Кристијанштад).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа