Европски ден на претприемачот во Скопје

 

Во организација на Европската бизнис асоцијација (EБA) денеска во Скопје ќе бидат отворени 11. „Европскиот ден на претприемачот & Европската недела на мали и средни претпријатија“.

Ќе биде одржана конференција „Женско лидерство, личен развој и етика“, на која ќе говорат претставници на Европскиот економски и социјален совет, експерти за родова еднаквост, жени менаџери, универзитетски професори.

„Европскиот ден на претприемачот & Европската недела на мали и средни претпријатија“ се организира со цел промовирање на претприемништвото и малите и средните претпријатија како главни двигатели на економскиот раст и развој. 

 
 
14.11.2016 - 08:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега