Ескалира состојбата во опозицијата - СДСМ пука по сите шавови
Расправиите кои почнаа по формирањето на кандидатските листи се вжештија откако Заев ја формираше коалицијата. Високи функционери и пратеници го обвинија дека ја приватизирал партијата и носел непринципиелни одлуки без консултација со раководните тела.
Ескалира состојбата во опозицијата. Соочени со страшен пораз кој не само што е на повидок, туку станува се пореален и пореален со секој нов политички потег на Заев и коалицијата, сегашните и поранешни пратеници на СДСМ се расеани, уплашени и крајно нервозни.
После исклучително бурните реакции од страна на функционерите и членовите на СДСМ за договорот меѓу Заев и Драгиша Милетиќ за коалиција, поранешната пратеничка Ленче Николовска очигледно во состојба на врвна паника синоќа, без ниту еден милиграм срам, јавно адресираше уште една нарачка на СДСМ до СЈО.
СДСМ го гледа СЈО како единствен спас од кашата во која самиот се донесе. Јавна тајна е дека СЈО работи во координација и по нарачки на СДСМ, меѓутоа ова е за прв пат едно високо официјално лице на партија јавно на Фејсбук, без нималку срам, да упатува нарачки до СЈО со една од нивните празни прес-конференции да се обидат да ја дефокусираат јавноста од внатрешните проблеми на опозицијата.
Ленче Николовска не е првиот опозиционер кој без срам и перде упатувал нарачки до СЈО. Нејзиниот лидер Зоран Заев на собирот во Капиштец пред повеќе месеци јавно ги најавуваше притворите кои СЈО ќе ги бара за функционери на ВМРО-ДПМНЕ, уште тогаш давајќи јавни сигнали за координираноста меѓу СДСМ и СЈО.
По коалицирањето со Драгиша Милетиќ кој пред две години тврдеше дека во Куманово се појавиле лажни политички претставници кои ги мамат Србите во земјава да се зачленат кај нив, а дека позади ова стои висок функционер од СДСМ, со низа реакции и големо разочарување се јавија високи партиски функционери на СДСМ како и нивни активисти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа