Ги убил синот и сопругата, па се дал во бегство: Семејна трагедија ја потресе БиХ

 


Маж во текот на ноќта ги убил сопругата и 13-годишниот син во Калесија, Босна и Херцеговина, а полицијата трага по него, потврди за Кликс.ба Адмир Арнаутовиќ, портпарол на кантоналното обвинителство во Тузла.

Безживотните тела се пронајдени во станбено-деловен објект, а како што неофицијално дознава порталот, мажот и жртвата формално се разведени, но живееле заедно.

„Повеќе детали ќе се знаат подоцна“, изјави Арнаутовиќ.

13.02.2025 - 08:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега