Битиќи: Граѓаните живеат се потешко - Мерката со маржите не е доволна
Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Топ тема” на телевизија Телма истакна дека граѓаните живеат се потешко, а како што вели, Владата не превзема мерки.
-Кога го имате тој механизам, да кажете дека не можете да интервенирате тогаш вистина е многу сериозен проблем во функционирањето на институциите и на целокупната влада, тоа е бегање од системско решение на проблемите. Граѓаните секојдневно плаќаат повеќе, граѓаните секојдневно живеат победно, него што живееле вчера, а владата дава грејс период на спроведување на закон. Каков е тој грејс период во спроведување на законите на штета на граѓаните? Цените ќе паднат за 30% пониско и ќе се реши проблемот системски само со примена на Законот за нефер трговски практики, истакна Битиќи во „Топ тема” на телевизија Телма.
Според него, мерката на Владата за замрзнување на маржите не е доволна.
-Македонија е една од ретиките земји во кои има ниска стапка на инфлација и зголемување на цени во малопродажба и севкупно 10 пати повеќе од стапката на инфлација. Во моментов стапката на инфлација е 3%, а имаме зголемување на цени од 30%. И тоа е нелогично однесување за што власта мора да преземе мерки а не да вели дека прави анализи. Нема чекање, затоа што така дава одредени претпоставки дека можеби нешто друго се крие позади, додаде тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа