МФ: Дополнителниот заменик Наумов не знае да чита календар на аукции
Министерството за финансии во реакција на изјавата на дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов наведува дека на веб-страната на Министерството за финансии може да провери дека на 6 ноември доспеваат за враќање 751 милион денари, додека на 8 ноември се одржува аукција на која се побаруваат државни хартии од вредност во износ од 750 милиони денари.
Според Министерството станува збор за презапишување на записите и оти ова е уште една епизода на дезинформирање на јавноста со цел негативен ПР за состојбата на државниот долг.
- Фрапантно, истакнуваат, е дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов да не знае да чита календар на аукции на државни хартии од вредност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа