Израел ослободи палестински затвореници, по пуштањето на тројцата заложници од Газа
Израел почна да ослободува палестински затвореници како дел од последната размена со Хамас кој претходно денеска пушти тројца заложници од Газа. Автобус со затвореници од затворот Офер на Западниот Брег пристигна во Рамала, јавија израелските медиуми.
Друга група е ослободена од затвор во пустината Негев и е на пат кон Појасот Газа, објави Тајмс оф Израел.
Групата е составена претежно од Палестинци кои биле приведени за време на војната во Газа.
Во замена за ослободување на тројца заложници, од израелските затвори требаше да бидат ослободени вкупно 183 палестински затвореници. Меѓу нив има 18 со доживотен затвор.
Седуммина од нив ќе бидат протерани во странство како дел од договорот поради нивните тешки кривични дела. Четириесет и двајца затвореници треба да се вратат на Западниот Брег, а тројца во Источен Ерусалим.
Палестинската новинска агенција „Вафа“ објави дека стотици луѓе чекаат во Рамала да пристигнат на затворениците.
Израелските сили ги спречија семејствата да се соберат во близина на затворот Офер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа