ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ до вчера тврдеа дека не се инвестирало во енергетиката, денеска го тврдат спротивното
Во соопштенијата на СДСМ повторно има наизменична струја. Ако вчера Фабриките за афери на СДСМ тврдеа дека не се инвестирало ништо во енергетиката, денеска се согласуваат дека се инвестирале повеќе од милијарда евра во минатите 10 години. СДСМ нема проблем да менува ставови за 180 степени и да се кара самиот со себе ако мисли дека тоа ќе му користи во соопштенијата од Индустриските погони за афери и измислици, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение интегрално ви го пренесуваме целото соопштение.
За разлика од соопштенијата на СДСМ кои се менуваат зависно од насоките од Фабриките за афери, ова се фактите.
Македонија е во редот на земјите во Европа со најниска цена на струјата. Тоа го потврдуваат сите релевантни субјекти за статистика во регионот и пошироко.
Увозот е поголем поради чинителите на слободниот пазар за електрична енергија кои сами си набавуваат струја. Во бројката со која СДСМ манипулира и лаже влегуваат и оние количини струја што големите индустриски капацитети повеќе од осум години самостојно ги набавуваат на слободниот пазар.
Во времето на СДСМ овие индустриски потрошувачи кои го сочинуваат и најголемиот процент од увозот на струја трошеа домашни ресурси,вода и јаглен за да добиваат струја по повластена цена. Тоа време одамна заврши, но СДСМ како партија која добро се разбира во бонбона бизниси ова никако не може да го прифати.
СДСМ не може да прифати и дека граѓаните не им ги купуваат лагите кои ги расфрла секој ден и очајно се надева дека ќе успее да излаже што повеќе луѓе, за да приграби уште по некој глас со лаги и манипулации, бидејќи поинаку и не може.
Но волјата на народот не зависи од тоа што СДСМ може или не може да прифати. Одговорот на граѓаните кон СДСМ за ваквото однесување на 11-ти декември ќе биде жесток. И тој одговор СДСМ ќе мора да го прифати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа