Здравствен дом-Скопје со признание за најдобра медицинска институција во регионот

 

ЈЗУ Здравствен Дом-Скопје на Форумот на Европската бизнис асоцијација за врвен квалитет и менаџмент што се одржа во Кан, Франција, го доби признанието за најдобра медицинска институција во регионот, а директорката Татјана Баевска Вучковиќ доби медал за менаџер на годината.  

Како што соопшти денеска Здравствениот дом-Скопје, Баевска Вучковиќ во обраќањето на форумот говорела за рационалната искористеност на специјалистичката здравствена заштита, како филтер на терциерно здравство.

- Менаџерскиот пристап во рационализација на расходи пред се немедицински, допринесе до заштеда од 22 милиони денари, а инвестиции од скоро 65 милиони денари за реновирање и реконструкција на објектите, како и набавка на нова современа медицинска апаратура од 67 милиони денари. Институцијата од 2012 година има позитивно финансиско работење и зголемување на сопствените приходи од година во година, стои во соопштението.

На форумот на кој учествувале 62 претставници од голем број земји, Баевска Вучковиќ се осврнала на стратешките планови, доближување на здравствени услуги до корисникот на услугите според местото на живеење, воведување електронски здравствен систем, бројни превентивни програмски активности, зајакнување и осовременување на капацитетите на установата, а сето тоа потврдено со скоро 1 милион здравствени услуги во 2015 година.

- Доближени јавни здравствени услуги, воведување нови дијагностички и терапевтски методи, отварање на нови 24 специјалистички кабинети и висока реализација од 94 проценти на комплетно обработени пациенти, а само 6 проценти препратени на терциерно ниво, дава слика на рационална искористеност и системска заштеда на здравствениот денар, се вели во соопштението од ЈЗУ Здравствен Дом-Скопје.

Во 2015 година, се подвлекува, воведени се поливалентни вакцини и во првите шест месеци од 2016 година, реализиран е висок опфат од 48 проценти, со што се постигнува колективен имунитет како клуч на јавното здравје.

На форумот биле презентирани проектите „Мој Термин“, „Ало Докторе“, „Рурален доктор“.

- Преку ИМП со новите возила, новоотворени пунктови и кадровско зајакнување се успеа во 2015 година, да се намали времето на интервенција за 4 минути. Целокупниот  приказ на активности на установата го дава нејзиното стратешко значење во јавниот здравствен систем, се вели во соопштението и се додава дека Здравствен Дом Скопје ќе продолжи со своите вработени 1138 и 58 објекти да обезбедува квалитетни здравствени услуги до секој корисник. 

 
 
09.10.2016 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега