Секси промоција: Линдзи Вон се соблече гола (ФОТО)

Американската скијачка Линдзи Вон на оригинален начин ја промовираше својата книга „Силно е новото убаво“ („Strong is the new beautiful“).

Триесет и едногодишната спортистка на „Инстаграм“ објави гола фотографија од себе, на која позира само со скијачки стапови во раце.

von

„Конечно е овде. По година и половина напорна работа и голем личен развој, утре мојата книга и официјално ќе биде промовирана. Ми беа потребни 31 година за конечно да бидам самоуверена во своето тело и во она што сум и едвај чекам да го споделам тоа со вас“, напиша таа на „Инстаграм“.

Во книгата Вон дава совети за жените за тоа што да јадат за телата да им изгледаат подобро, но и како да се однесуваат за да ја кренат својата самодоверба. Официјалната промоција на книгата е утре во Њујорк.

 
 
04.10.2016 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега