Петто прскање против комарци во Скопје

 

Градот Скопје од денеска до 1 септември ќе го реализира петтото прскање против комарци ова лето. 

Како што информира, авионската дезинсекција ќе се одвива денеска и утре од 5:30 до 10 часот, додека прскањето од земја против адултни комарци ќе биде спроведено утре до 1 септември, од 23 до 4 часот наредниот ден.

Доколку временските услови не дозволуваат аеросолна дезинсекција, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 
 
27.08.2016 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега