Расте бројот на пријавени спорни гласачи: ДИК ја објави листата
Заклучно со денеска до 12 часот, до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 4038 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.
На следниот линк можете да го следите бројот на поднесени пријави во реално време:
https://prijava.sec.mk/LiveDashboard.aspx
Од нив, 1785 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 2253 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.
11.08.2016 - 14:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа