Се средува хаосот во Скопје: Градоначалникот Трајановски ги координира активностите

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски се наоѓа во кризниот штаб кој е лоциран во Автокоманда од каде ги раководи и координира активностите за справување со поплавите во главниот град.
Градските служби се на терен и дејствуваат на повеќе места во Скопје.
Се очекува Трајановски да се обрати во текот на вечерта.
-Апелираме до граѓаните да останат во нивните домови и да не излегуваат со возила се додека не престане невремето и не се создадат услови за нормално одвивање на сообраќајот. Дополнително, апелираме до сите лица кои се со моторни возила и се во моментов затечени во сообраќај од невремето, истите да останат во нивните возила, да не се движат (возат) и да почекаат да заврши невремето и да се нормализираат условите за одвивање на сообраќај, се наведува во апелот кој попладнево беше испратен од Град Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








