Проштална средба Тачи-Орав: Посветеност на евроатлантската агенда можност за излез од кризата

 

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи денеска во седиштето на партијата имал проштална средба со амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, Аиво Орав.

Соговорниците, како што соопшти денеска ДПА,  разговарале за последните политички случувања, за предвремените парламентарни избори, како и за деблокирањето на процесот на интеграција на земјата.

Тачи, како што е наведено во соопштението, му се заблагодарил на амбасадорот Орав за неговата посветеност во надминувањето на длабоката политичка криза во Македонија, како и за ангажманот на ЕУ во однос на развојот на демократските процеси во земјата.

Претседателот на ДПА оценил дека и покрај актуелните предизвици со кои се соочува земјата, посветеност во евроатлантската агенда преку спроведување на реформите приложени од страна на Европската комисија, вклучувајќи ги и меѓуетничките односи, се единствениот начин за излез од кризата и за обезбедување на подобра перспектива за земјата.

Тачи нагласил дека меѓу важните приоритетите на ДПА е организирање слободни и демократски избори.

Тема на разговор бил и процесот на интеграција, при што соговорниците се согласиле дека де-блокирањето на процесот на интеграција ја отвора можноста за подобра перспектива на земјата, како и ја зајакнува регионалната безбедност и стабилност.

Амбасадорот Орав му се заблагодарил на Тачи за конструктивната улога на ДПА и за придонесот во овој процес, надевајќи се на продолжувањето на вистинскиот меѓупартиски дијалог, како и исполнувањето на обврските и стандардите поставени од страна на Европската комисија.

 
 
27.07.2016 - 12:06
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега