Работните групи ќе ги усогласуваат законските измени
Работните групи на четирите политички партии, денеска треба да ги усогласат измените во законите за медиуми, за МВР и за Влада.
За медиумите, во законот ќе треба да се предвиди назначувањето на главниот и одговорен уредник на МРТВ, на предлог на опозицијата како и формирањето на адхок тело кое ќе треба да ја мониторира работата на медиумите 100 дена пред одржување на изборите.
Во Законот за Влада треба да се ограничи мандатот на новите министри од техничката влада со времето на објавувањето на официјалните резултати од изборите од страна на Државната изборна комисија.
Со овие измени треба да се предвиди и правото на техничките министри за кадровски измени 15 раководители во МВР, а за последните измени за надлежностите на министерот треба да се наведе дека ќе важат од јануари следната година
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа