Република: СДСМ под хипотека - Заев ја довел партијата до банкрот
Имајќи ги предвид документите кои ги објави „Република“,место да се фокусира на изборите договорени на 24 април, во согласност со Договорот од Пржино, Заев мака мачел како да го продолжи хипотекарниот договор со кој Комерцијална банка во залог го има седиштето на СДСМ. За потсетување, кредитот што на 19 април 2011 година го зеде тогашниот претпоставен на Заев, Бранко Црвенковски, истече на 19 април 2016 година. Токму затоа, Заев, веројатно, и ги активираше „пријателите од надвор“, под изговор за, божем, спорни гласачи и медиумски регулирања, само за да се спречат изборите, додека тој успее да го продолжи рокот на кредитната линија.
Судејќи според документите, како и според случувањата од тој период, меѓу одлуката на Централниот одбор на партијата за продолжување на договорот за кредит со таа банка и потпишувањето на анексот на тој договор за дополнителни нови пет години, односно до 19.4.2021 година, во јавноста се појави уште едно аудио од фонотеката на Заев со криминално прислушувани разговори. Тоа беше разговор токму на директорот на Комерцијална банка, Хари Костов, од „фонотека“ што Заев ја задржа и не ја предаде во СЈО. Таа „фонотека“ содржи веројатно исто толку разговори колку што, наводно, предаде до СЈО, па се поставува прашањето, колку може да биде коинциденција токму тогаш да се случи објавување на оваа снимка. Воедно, таа „случајност“ е дел и од одговорот на прашањето – зошто беше пуштен разговор на Хари Костов, поранешен министер и премиер од редовите на СДСМ, и каква врска има тој разговор со „Слободата и демократијата“?
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа