Падна договор – што договорија политичките партии?

 

Министерствата за внатрешни работи и труд и социјала по изборите до изборот на нова влада ги добива ДУИ откако техничките министри на СДСМ со денот на гласањето ќе ги напуштат функциите. Ваков договор паднал на денешните преговори со што е заокружен преговарачкиот процес меѓу четирите најголеми политички партии.

Со оглед на тоа дека министрите по изборите и официјално се во оставка, тие само технички ќе ја извршуваат оваа функција без можност за носење на посериозни одлуки и кадровски промени. Во делот на медиумите, договорено е СДСМ да именува главен и одговорен уредник на МРТВ, а посебно тело во рамките на Агенцијата за медиуми да предлага казни за медиумите за начинот на известување. Законот за МВР кој беше точка на сопнување меѓу политичките партии ќе се одложи до стартот на наредната година. СДСМ во МВР ќе има право да смени 15 лица на раководни позиции и да направи 10% од бројот на хоризонтални поместувања кои актуелната власт ги направила од 2014та година до денеска. Во однос на избирачкиот список 170.000 граѓани ќе бидат обележани со ѕвездичка, додека 40.000 граѓани дополнително ќе се проверуваат. Партиите се договориле до крајот на август да направат проценка дали се исполнети условите за организација на избори по што, доколку се исполнат лидерите ќе се договорат околу датумот за избори. Со тоа се спречи СДСМ да влезе во Владата а при тоа да не се појави на соочувањето со граѓаните. Сега, за СДСМ да може да добие влез на Илинденска ќе мора Заев јавно да каже дека се исполнети сите услови за избори. Доколку во август пежроценката биде дека се исполнети условите за избори, тогаш единствениот можен датум за соочување со граѓаните оваа година е 11 декември.

 
 
20.07.2016 - 18:18
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега