Бејли по средбата: Постигнат договор за излез од кризата
Партиите постигнаа договор за излез од политичката криза, информира американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, по денешните разговори на претставниците на партиите потписнички на Договорот од Пржино.
Лидерите на четирите политички партии, според постигнатиот договор, до крајот на август треба да го утврдат датумот на предвремените парламентарни избори, кои ќе ги спроведе преодна влада формирана 100 дена пред нивното одржување.
На средбата во Клубот на пратениците присуствуваа претставникот од делегацијата на ЕУ во Скопје Тиборг Бароди, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа