Претставниците на потписниците на договорот од Пржино седнаа на заедничка маса

 

Претставници на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино денеска повторно се состанаа во резиденцијата на ЕУ во Скопје. Теми на меѓупартиските разговори во оваа фаза се прочистувањето на Избирачкиот список, реформата во медиумите и формирање на преодна влада пред изборите. Во разговори учествуваат Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, како и амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли.

Амбасадорот Бејли по вчерашната средба во резиденцијата на ЕУ во Пржино изјави дека е завршена добра работа, но оти се уште не е постигнат договор. Рече дека е оптимист и оти разговорите продолжуваат денеска.

- Имавме конструктивна средба. Завршена е добра работа, но не е постигнат договор. Продолжуваме со работа. Не сум разочаран. Кога се преговара и разговара понекогаш е потребно повеќе време. Оптимист сум, изјави Бејли. 

 
 
13.07.2016 - 15:32
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега