Даштевски: Круна за излез од кризата е изборен процес
Круна за излез од кризата е изборен процес, смета аналитичарот Александар Даштевски, кој гостува во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.
-Треба да се заврши процесот со избори. Нуланд сигурно го кажала тоа зад вратите со партиите. И во „пржинскиот договор“ е тоа наведено. Не се согласуваат сите партии за избори, истите се бојкотираат од опозицијата, изјави Даштевски.
Според него, помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски работи Викторија Нуланд имаше оптимистичка изјава, но мора да се видат и ставовите на македонските политички лидери, вели
-Работите за кои се залагаат во политичката криза веќе немаат смисла, оние протести што тек ги има, па ги нема. Странците се исто така во непријатна ситуација. Нуланд дојде за да ги поттурне работите, изјави Даштевски.
Во вечерашното „Отворено студио“ студио со Љубиша Николовски на тема „Пред Нуланд-многу, по Нуланд-нула“ дебатираат аналитичарите Алберт Муслиу и Александар Даштевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа