ВМРО-ДПМНЕ: Дезинформациите за заминувањето на Груевски пуста желба на Заев и СДСМ кои ќе бидат поразени

 

Претседателот Никола Груевски ја има целосната доверба на партиските структури, велат од владејачката партија.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Во моментов тој е политичар со убедливо највисок рејтинг и најголема доверба меѓу народот.

Никола Груевски е политичарот кој 10 години наназад добива најголема поддршка на изборите.

СДСМ – Сорос ќе се уверат и на претстојните избори дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе ја поразат нивната деструктивна политика.

Дезинформациите раширени во медиумите на СДСМ – Сорос се само пуста желба на аболицираниот криминалец Зоран Заев кој мисли дека би се спасил од нов изборен пораз доколку пласира невистини за наводна смена во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев уште еднаш ќе биде жестоко поразен на изборите и ќе мора да ги врати парите кои ги украл од граѓаните.

 
 
12.07.2016 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега