КУРИР: Идеите за специјално одделение во Судот и МВР биле идеи на Катица Јанева

 

Кредибилитетот на Катица Јанева го допре дното. Политичките прогони, незаконското постапување и селективноста, целосно го урнисаа интегритетот и кредибилитетот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и сега отпочнува нова операција за спас на угледот на оваа времена институција, пишува Курир.

Според информациите до кои дојде Курир, планот кој што го смислила Катица Јанева за покривање на сопственото непрофесионално однесување опфаќа две насоки.

Првата насока е префрлање на одговорноста за досегашните промашувања на СЈО врз останатите институции. Заради тоа, се пласираат апсурдни предлози за специјален суд или оддел во МВР, кои се надвор од договорот од Пржино. Според тоа што го дознаваме станува збор за лична амбиција на Катица Јанева со цел да ги оправда пропустите и лошата репутација на СЈО.

Информациите кои беа објавени на дел од проопозициските медиуми дека наводно помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд барала специјално оделение во Судот и во МВР кое ќе се занимава со случаите кои се предмет на интерес на СЈО се невистинити, велат нашите извори.

Впрочем, Курир дознава дека тоа биле желби и предлози на Катица Јанева која на тој начин сакала да ја комплетира својата работа која според сите параметри се оценува како целосно фијаско, политички претенциозна и политички мотивирана.

Соочена со бројните скандалозни постапки и афери кои се провлекуваат низ нејзината работа и со очигледниот неуспех наспроти кренатите очекувања, овие нејзини предлози се сламката на спасот со цел да избегне целосно фијаско на функционирањето и досегашното работење на СЈО.

Од неофицијални извори дознаваме дека во ВМРО-ДПМНЕ ваквите предлози ги оценуваат како нешто што е надвор од претходно договорениот пржински договор, кој беше основа за политички договор за надминување на актуелната политичка криза.

Втората насока и обид да се поврати кредибилитетот на СЈО е наводното покренување на некакви процеси против лидерот на СДСМ Зоран Заев. Преку овие случаи Катица Јанева ќе се обиде да прикаже некаква неутралност и неселективност, а всушност истите се однапред договорени и треба да завршат со ослободување од прогон на Зоран Заев.

Од новиот театар кој го смислила Катица Јанева , СЈО и Заев би требало двојно да профитираат. Од една страна СЈО ќе ја враќа довербата како независна институција, а од друга страна Заев би требало да изгледа како жртва која на крај се изборила за правда и се докажало дека е невин.

 
 
12.07.2016 - 15:39
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега