ВМРО-ДПМНЕ обединува луѓе од различни етникуми и верски заедници, ифтар вечерите се доказ за тоа
Ифтар вечерите се доказ за тоа дека ВМРО-ДПМНЕ не е националистичка партија, како што тоа го велат од СДСМ, туку партија која обединува и сплотува без разлика на вера и определба.
Изминативе денови високи функционери на владејачката партија организираат ифтар вечери во повеќе градови во Македонија. Во пријатна атмосфера, граѓаните сплотено вечераа во Кичево, Дебар и Струга. Жителите на овие населени места велат дека владејачката партија со ова покажува голема почит.
Во Дебар граѓаните искажаа огромно задоволство.
-Во ВМРО-ДПМНЕ ифтар вечерите станаа веќе традиција, што е гест за поздравување. Ние имаме голем број на државни, партиски функционери кои се токму од муслиманска вероисповед. Тоа е добро, тоа е за поздравување и така треба да се продолжи и во иднина.
-Со овој чин што го прави ВМРО-ДПМНЕ настојува да ги зближи луѓето без разлика дали се муслимани Роми, Турци, Албанци или пак Македонци. Сите заедно сме на овие ифтарски вечери.
-Ова претставува еден гест на зближување. И онака меѓусебните односи во нашиот град се хармонизирани, живееме одлично, меѓусебно се почитуваме. Ова е еден пример како и понатаму треба да се почитуваме меѓу себе, да се сакаме и заеднички да живееме.
И Кичевчани се благодарни за ваквите организирани вечери од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ова е одличен гест од страна на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е пример да служи на другите партии како треба да се однесуваат кон другите верски заедници. Ова е голем респект спрема исламската верска заедница, е големо признание кон нас и кон сите верници муслимани што во чест на овој наш празник сме поканети на Ифтар
-Кичево има долга историја за соживот на сите граѓани бидејќи различностите во Кичево по етничка и религиозна основа се доста присутни и овој крај е богат со соживот. Ова е во прилог понатаму луѓето да имаат уште поголема доверба и да се почитуваат помеѓу себе.
На ифтар вечерата во Струга, со верниците вечераше Цветко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ кому граѓаните му се заблагодарија што владејачката партија ја негува оваа традиција.
-Традицијата продолжува и понатаму. По повод Рамазан Бајрам сме на Ифтар во Струга каде ќе учествуваме заедно со нашите сограѓани и пријатели, поточно ќе го славиме Ифтар и со тоа ќе прикажеме и докажеме дека различностите во верите не треба да бидат различности помеѓу луѓето. Би сакал на сите граѓани од муслиманска вероисповед да им го честитам Рамазан Бајрам. Тоа што опозицијата го зборува, фактите зборуваат нешто друго. И во минатото и сега сме укажале и докажале дека не станува збор за националиситчка партија, туку за партија која има национални определби, нормално ги почитува законите и Уставот на Република Македонија. Кај нас членуваат граѓани на Република Македонија, меѓу кои во нашето членство во ВМРО-ДПМНЕ имаме членови со муслиманска вероисповед, со христијанска, католичка вероисповед. Партијата е отворена за сите граѓани во Република Македонија, коишто ги прифаќаат определбите на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што сметаме дека ВМРО-ДПМНЕ во овој момент е насочена кон економски просперитет на Република Македонија и сметаме дека прашањето од економијата во моментов е најбитно за секој граѓанин. Ние се трудиме да обезбедиме што е можно повеќе работни места, да намалиме невработеноста, а воедно да донесеме странски инвеститори и да им помогнеме на домашните како би можеле да ги остваруваат своите активности, односно да остваруваат одреден приход, рече тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа