ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја зголемуваше цената на струјата со дигање на два прсти на Бихаќка

 

СДСМ повторно докажа дека нема никакво познавање од енергетиката и дека не можe да ги преболи времињата кога со дигање на два прсти на Бихаќка ја зголемуваше цената на струјата, реагираат од владејачката партија.

-Во моментов граѓаните на Република Македонија плаќаат една од најниските цени на струја во регионот. СДСМ не може да се помири со фактот дека за цената на струјата не одлучуваат тие и нивните бизнис партнери, туку одлучува независно регулаторно тело, односно Регулаторната комисја за енергетика.СДСМ неможе да се помири со фактот дека Регулаторната комисија за енергетика одлучува врз база на однапред утврдена и јасно дефинирана методологија , која е признаена од страна на Европската Енергетска Заедница. Бомбона бизнисот на Шекеринска и СДСМ не поминува  веќе кај граѓаните на Македонија. Бомбона бизнисот остана само како трага на криминалот и ограбувањето што СДСМ го правеше на грбот на македонските граѓани, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

 
 
27.06.2016 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега