Според СДСМ, народот не треба да одлучува за својата иднина
Еден од попознатите активисти на СДСМ Ивор Мицковски после референдумот во Британија на својот Фејсбук профил напиша статус со, во најмала рака речено, срамна содржина.
Народот ќе одлучел, народот е мудар, народот бира. Ете, што бира народот кога ќе го оставиш со ужасни лидери и политики. Ете, доказ дека само гласање нема врска со демократија. Потпирање на народот само е чиста неодговорност и празен популизам, напиша Мицковски на својот профил.
Според Мицковски, врвниот демократски чин на гласање во кое народот одлучува сам за себе немал врска со демократија, иако самиот термин „демократија“ значи владеење на народот, односно негово право да ги бира претставниците кои ќе ги бранат неговите интереси.
![ivor](http://kurir.mk/wp-content/uploads/2016/06/ivor-640x291.jpg)
25.06.2016 - 13:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа