КУРИР: Лагите на Заев повторно на виделина - Уценети граѓани со автобуси на протести во Скопје
Иако опозицискиот лидер Зоран Заев пред само неколку дена во интервју за Алсат изјави дека СДСМ нема намера да носи лица со автобуси за протестот во Скопје, овие фотографии покажуваат нешто сосема друго, пренесува Курир.
-СДСМ нема аспирации да носи автобуси од цела Македонија, изјави Заев во петокот при гостувањето во емисијата „360 степени“.
Со ваквата изјава, Заев повторно ја излажа македонската јавност, бидејќи овие фотографии покажуваат дека опозицијата полни автобуси од другите градови за да собере што е можно повеќе народ во Скопје.
Исто како и во случаите претходно кога опозицјата организирала протести во главниот град, СДСМ под уцена собира луѓе во автобуси од општините кои се под нејзина контрола, како што е случајот со Куманово, за да протестираат во Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа