Хајндл на средба со Ахмети
Во Германската Амбасада во Скопје, Претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети оствари средба со Специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл.
Ахмети и Хајндл разменија мислења за последните политички случувања во Македонија и начините за надминување на преостанатите предизвици.
Лидерот на ДУИ Ахмети ги образложи постојаните чекори на Демократската Унија за Интеграција за надминување на политичката криза.
Ахмети смета дека целосното повлекување на аболицијата од страна на г.Иванов овозможува дијалог за составување и одобрување на приоритетните реформи.
Политичките партии треба да се ангажираат за усвојување на законите и исполнување на условите за одржување на парламентарните избори како и да ја поддржат Државната Изборна Комисија и Специјалното Обвинителство да ја вршат својата работа утврдена со закон.
08.06.2016 - 10:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа