Лазаров во „ол стар“ тимот на Лигата на шампионите за сезоната 2015/2016

 

Капитенот на македонската ракометна репрезентација и член на „Барселона“ Кирил Лазаров трета сезона по ред се наоѓа во изборот на „ол стар“ тимот на сезоната во најквалитетното клупско ракометно натпреварување Лигата на шампионите.

Лазаров е на својата позиција десен бек, а е единствен кој и лани се најде во најдобрата „седморка“.

Во изборот учествуваа околу 80.000 гласачи преку анкета на интернет.

„Ол-стар“ тимот на ЛШ за сезона 2015/2016 го сочинуваат:
Голман: Никлас Ландин (Кил)
Лево крило: Мануел Штрлек (Киелце)
Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)
Десен бек: Кирил Лазаров (Барселона)
Среден бек: Деан Бомбач (Пик Сегед)
Пикер: Растко Стојковиќ (Брест)
Десно крило: Гашпер Маргуч (Веспрем)

Најдобар дефанзивец е Тимушин Шух (Веспрем), најдобар млад играч Дарко Ѓукиќ (Бешикташ) и најдобар тренер Хавиер Сабате (Веспрем).

 
 
27.05.2016 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега