ВМРО-ДПМНЕ: Имаме конкретна стратегија за унапредување на студенскиот стандард
ВМРО-ДПМНЕ има конкретна стратегија за унапредувањето на студентскиот стандард. И токму континуирана реализација и остварување на ветеното е причина за нервозата која владее во СДСМ, наведува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната изјава на потпретседателот на Социјалдемократската младина.
Во реакцијата се посочува дека ниту една прес конференција и прикажување на стари фотографии за условите во домовите, не може да го побие фактот дека Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ е единствената која изградила нови современи сместувачки капацитети, во состав на студентскиот дом „Стив Наумов“, за што се издвоени 103 милиони денари.
ВМРО-ДПМНЕ наведува дека е започна и темелна реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“ која се реализира етапно и во согласност со предвидената динамика, а планирано е да се изврши и комплетна замена на инвентарот, за што, во тек е постапка за избор на компанија, со рок за доставување на понудите до 30 мај.
Во реакцијата се истакнува дека е извршена и набавка на нови лифтови во државните студентски домови за што се инвестирани 15 милиони денари, а интензивни се и подготовките за набавка на перални и сушални за домовите.
- Најважно е што донесовме одлука за изградба на три целосно нови студентски домови во земјата. И ова наше ветување почнува да се остварува. За два од нив, во вредност од 5 милиони евра - еден во Скопје на местото на Медицинар и еден во Тетово за потребите на тамошниот државен универзитет, во тек е евалуација на пристигнатите понуди, по што ќе се направи избор на најповолните понудувачи, односно идни изведувачи на градежните работи. Така што, во текот на ова лето ќе започнат и активностите на терен, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.
Осврнувајќи се на студенскиот стандард, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека се отворени два нови државни универзитети, 25 нови факултети, неколкукратно се намалените партиципации за студирање...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа