ВИДЕО: Шилегов со скапо Ауди ја покажа нервозата на „Партизанска“

Додека обвинуваат за “режим“, за сиромаштија и ги тераат нивните сопартијци да бидат дел од насилни протести, челниците на СДСМ уживаат луксуз.

Портпаролот на Зоран Заев, Петре Шилегов, досега имаше огромна куќа и стан, но овие недвижнини не му беа доволни, па си купил уште два луксузни станови во вкупна вредност од 160,000 евра.

Во свој стил, функционерите на СДСМ денес покажаа и насилно однесување, па Шилегов дрско и безобразно ја прекина прес-конференцијата на доктор Чибишев кој е и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

silegov-2avtomobil

Шилегов во своето луксузно Ауди се паркираше непрописно  среде Партизанска, насилно го прекина говорот на Чибишев, па се врати во својот автомобил каде со голема брзина си замина.

Јасно е видливо каде и како овој политичар се паркираше, па како искусен возач треба да знае дека ова е казниво дело. Дали МВР ќе реагира по овие снимки и дали Шилегов ќе биде соодветно казнет?

silegov-3avtomobil

За нервозното однесување на Шилегов и за неговите постапки зборуваше уредникот на Сител, Драган Павловиќ-Латас. Во неговиот говор упатува и порака до демонстрантите за какви луѓе тие протестираат.

Погледнете во продолжение

 
 
22.05.2016 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега