Хајндл: Партиските лидери да ги стават државните интереси пред партиските
Партиските лидери да преземат одговорност и да ги стават интересите на државата пред партиските, кратко изјави специјалниот пратеник на Германија Јоханес Хајндл по денешните средби во Тетово со лидерите на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи.
Хајндл по разговорите со Ахмети и Тачи во нивните партиски седишта, за медиумите само рече дека неговите ставови остануваат на линија на претходните соопштенија на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
За средбата на Ханјдл со Али Ахмети, со соопштение се огласи ДУИ. Ахмети, како што информира партијата, го запознал Хајндл со последните случувања во земјата и ја поздравил одлуката на Уставниот суд по иницијативата на ДУИ која овозможи враќање на Собранието и откажувањето на изборите на неодредено време, како и за создадената законска можност за повлекување на одлуката на Иванов за помилување и гаранција за продолжување на работата на Специјалниот обвинител.
- Тачи, исто така, рече дека за ДПА и Албанците, таквото однесување е неприфатливо, со што се продлабочува политичката криза, и се задушува евро-атлантската перспектива на земјата. Тачи рече уште дека единствен излез од оваа ситуација е продолжување на диалогот и спроведување на решенија кои произлегуваат од овој процес со посредување и гаранции на меѓународниот фактор, а со посебен акцент на решавањето на прашањето за името и меѓуетничките односи. Тачи го увери амбасадорот Хајндл дека ДПА ќе продолжи да биде дел од демократските процеси и евро-атлантската перспектива на земјата и силно ќе дејствува за да се промени оваа тешка ситуација во Македонија, се наведува во соопштението од ДПА.
Со средбите со лидерите на ДУИ и на ДПА, Хајндл ги заокружи разговори со потписниците на Договорот од Пржино. За политичката криза во Македонија и можностите за нејзино надминување, спрецијалниот германски пратеник вчера во Скопје разговараше и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, како и со претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа