Била убедливо најубава југословенска актерка , одеднаш и се губи секаква трага

 

Савина Гершак била актерка која ги мамела воздишките на секој маж, а жените и завидувале. Кога била на самиот врв од кариерата , таа се повлекла од актерството и решила да се посвети на образованиетп/ Тогаш имала 28 години. 

Родена е во Љубљана во 1963 година, Савина како тинејџерка влегла со крупни чекори во светот на спортот - активно играла тенис и како млада јуниорка бележила значителни резултати. 

На 16 години била официјално трета тенисрка во земјата, па во тој период се преселила во Штутгард и зпочнала со настапи на професионални турнири по Европа. Сепак, судбината не и одредила да стане шампион: се вратила во 1981 година во Љубљана и успеала да се запише на студии по англиски јазик. Покрај тоа, пеубавата Сабина повремено се занимавала со моделство во локалните места. И тогаш се случил пресврт: не завршила ни прва година, а веќе ја добила главната улога во фимот на Живко Николиќ "Smrt gospodina Goluže" (1982). 

Имено, Николиќ со месеци барал актерка за улогата Анка која во сценариото е опишана како млада девојка вдовица со боженствен изглед. И покрај тоа што знаел дека Савина нема актерско искуство кога ги видел нејзините фотографии рекол само: „Таа е вистинската“. 

- Не стигнав ни да се снајдам, едноставно влегов во сето тоа..., зборувала тогаш заносната русокоса. 

Нејзината убавина била и останала, покрај преубавиот насликан стар Мостар, главниот квалитет на драмата на Николиќ остана во сенка покрај нејзината грациозност. Дебитанката на 19-годишнаат возраст на фестивалот во Пула била една од најфотографираната и најинтригантната личност. 

И кога се чинело дека ѕвездата е родена, и дека понудите ќе почнат да летаат од сите страни, тоа не се слулило - две години Савина не се појавила на домашните кина, па ни на телевизија. За волја на вистината нејзините актерски квалитети не биле совршени, а немала ни основно глумачко образование. Савина тогаш изјавила дека тенисот сепак бил потежок од актерството, и дека работа на филм е убаво и возбудливо искуство и дека тенисот за неа е минато. 

Публиката дочекала одоново да ужива во нејзината убавина, Живко Николиќ подготувал нов филм, а во него веќе имал зацртано дека главната улога ќе ја игра Гершак. Било тоа за „Чудо-невидено“(1984), филм кој бил одлично примен и кај публиката и кај критичарите. И денеска се паметат бројни комични сцени и култни реплики од најпознатите филмови на Николиќ.

После успехот на Николиќ, Савина ја забележале во Италија па така 1986 година ја добила улогата во Б филмот  "Za šaku dijamanata", а следната година играла во уште два филма. 

На крајот од 1987 по трет пат се повикала на позивот на Живко Николиќ - овој пат станува збор за политичка драма "U ime naroda" во која Севина ја глумела Богданка Диклиќ и миодраг Кривокапиќ. Интересно е дека НИколиќ во тој филм прави вистинско изненадување за публиката: Савина не изгледала како заводница, ниту пак како заносна вдовица, напротив нејзиниот сексипил е пригушен, улогата е сведена и без еротски ноти. 

Во периодот 1988-90 Савина Гершак се појавила во вкупно седум филмски наслови. 

А потоа во својата 28 година од живото, боженствената Савина го напуштила актерството, Југославија остана без својата некрунисана „Мис“. Стдите по англиски јазик не ги завршила, но наместо тоа продолжила да живее и да работи Мајка е на две деца ( родила близанци на својата 44 годишна возраст), а професионално се занимва со психотерапија, до ден денеска. 

 

 

 

 

 
 
04.05.2016 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега