Се сеќавате на ова момче? -Пристигна вест од која ќе се натажи светот

 

Момчето Муртаз Ахмад од Авганистан минатата година стана вистинска интернет сензација кога на социјалните мрежи се појави фотографија на која позира во дрес од својот омилен фудбалер Меси. Меѓутоа, тоа не бил вистински дрес, туку најлонска кеса која неговиот брат му ја направил. На почетокот не се знаел идентитетот на момчето, а после силната медумска кампања откриено е кое е детето. 

Доби вистински дрес

На крајот со помош на BBC и Уницеф среќниот Муртаз на подарок доби вистински дрес од Меси и тоа со негов потпис. 

Но сега се појавила вест за ова момче кое било присилено да побегне од Авганистан откако на неговото семејство му се заканувале дека ќе го киднапираат.

- Животот ни стана беден. Продадов се што имав и го однесов семејството надвор од Авганистан за да го спасам живото на мојот син и остатокот од семејството. Имено, и покрај се Муртаз верува и се надева дека еден ден ќе го запзонае својот херој, Меси, АП ги објавила зборовите на неговиот татко Арф Ахмад. Целото негово семество моментално се наоѓа во Пакистан. 

 

 

 
 
03.05.2016 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега