ВИДЕО: Од раб на самоубиство до светска суперѕвезда – Ник Вујичиќ екслузивно во 1на1!
Најгледаното македонско ток шоу овојпат отиде чекор подалеку и ни ја донесе најмотивирачката и најтрогателната епизода оваа сезона.

Низ неверојатните приказни на Ник Вујичиќ и Исидора Бјелица публиката уживаше во еден час врвна телевизиска програма минатата сабота на Телма.
Трагичната судбина на Ник која самиот тој ја претворил во магична приказна за милиони низ светот и борбата на Исидора со ракот беа само мал дел од темите кои овие двајца ги зборуваа со Жаре во Еден на Еден епизодата која апсолутно мора да ја погледнете.
Уживајте во најдоброто од македонската телевизија, Ник Вујичиќ и Исидора Бјелица ексклузивно во Еден на Еден.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









