Објавувањето селфи од теретана е психички проблем

Ново истражување на Универзитетот Брунел во Лондон изнесе интересни податоци, кои многумина би сакале да ги прочитаат.
Во студијата се вели дека честото споделување на селфи фотографии од теретана укажува на психолошки проблем.
Популарниот автопортрет најчесто се објавува на социјалните мрежи Фејсбук или Инстаграм.
– Луѓето кои постојано се фалат со фитнесот или теретаната имаат тенденција да ги истакнуваат нарцисоидните особини. Тоа е израз за психолошко нарушување кога луѓето доживуваат задоволство од восхитот на другите. На тој начин тие го хранат своето его со лајкови и коментари – пишува во истражувањето.
Истражувањето опфатило 500 испитаници кои користат социјални мрежи, а меѓу нив преовладувале и „позерите од теретана“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









