Аплицирајте за најдобрата работа на светот: Летајте насекаде за џабе

 

Исландската авио-компанија WOW Air, која е специјализирана за евтини летови, објави примамлив оглас за работа. Бараат четворица кои летово ќе патуваат со нив по светот, а приказните за патувањата ќе ги објавуваат на Snapchat.

Авио-компанијата на своите патници ќе им ја плати посетата на сите 28 дестинации, кои вклучуваат Барселона, Копенхаген, Варшава, Сан Франциско…Патувањата ќе траат три месеци, од јуни до август.

Трошоците за летовите и останатите активности ќе ги покрие компанијата, а одбраноте кандидати ќе добијат и џепарлак за трошоците за патувањето.

Кандидатите мораат да имаат повеќе од 18 години, добро да го познаваат англискиот јазик и да се со добро физичко и ментално здравје. За пријава потребно е да снимат  “Snapchat приказна” од две минути и да ја испратат со личните податоци најдоцна до 8 мај.

Аплицирајте ТУКА.

 
 
03.05.2016 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега