Започна бела недела: Оваа седмица никако не се пости, а денеска задолжително направете го ова

Денеска е втор ден Велигден и во Македонија е неработен ден. Воскресениот понеделник исто така се вика и Света недела која се смета за продолжение на Велигден.
Оваа седимица се нарекува и Томина недела наречена по апостолот Томи. Велигден се слави три дена, па денеска е Воскресен понеделник.
Исто така меѓу народот се нарекува и „Бела недела“, бидејќи спаѓа во „трапава седмица“ и овие денови не се пости, ни во среда ни во петок, па така и славите кои паѓаат на овие денови задолжително се мрсни.
И во Вториот ден на Велигден се продолжува со гозбите и веселбата.
На овој ден се верува дека момците кои треба да се женат им се приближуваат на девојките од селото кои се за мажење. Со себе обично водат и тамбураши или сами свират некој инструмент, но задолжителен детал би сад со вода.
И на овој ден според обичаите се оди во посета на мртвите во некои места овој ден се одбележува како задушница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









