Чудо од едно јајце: Брз и вкусен колач со ореви

 

Десерт кој ќе го направите за неколку минути. Само едно јајце ќе ви одземе мал дел од времето, но ќе ви го разубави другиот дел од денот.

Состојки за смесата:

  • 1 јајце
  • 1 лажица шеќер
  • 1 шолја мелени ореви
  • 1 шолја млеко
  • 2 лажици масло
  • 1 шолја брашно
  • 1 прашак за печиво
  • 1 ванилин шеќер

Состојки за кремот:

  • 2 пудинзи од ванила
  • 6 dcl млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 150g маргарин

Со миксер измешајте ги јајцето, шеќерот и ванилиниот шеќер. Полека додавајте го млегото и сите останати состојќи. 

На плах намачкан со масло, распоредете ја целата смеса и ставете ја да се шече на 180 степени, 25 минути.

Кога ќе го извадите од рерната, веднаш полијте го со 2дл млеко кое претходно е помешано со малку рум.

Кремот ставете го кога колачот целосно ќе се олади, и вашето чоколадно чудо е готово. Додадете плаг, чоколадни трошки и уживајте...

 

 
 
28.04.2016 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега