Истражувањето докажа: Какво женско лице им е најпривлечно на мажите?

Вкусовите се разликуваат, но сепак постои една карактеристика на женското лице која прва ги привлекува мажите. Не се тоа ни очите, ни усните туку нешто неочекувано.
Какво женско лице им е најпривлечно на мажите беше прашањето на кое одговор побара истражувањето на списанието „Royal Society Open Science“. Резултатите довеле до интересен заклучок, а тоа е дека постои една универзална карактеристика на женското лице која прва го привлекува машкото внимание.
Имено, истражувањето открило дека едноставното женско лице на мажите им е најпривлечно.
Во истражувањето учествувале 169 мажи со просечна старост од 39 години на кои им биле прикажувани фотографии од женски лица. Испитаниците морале да ги оценат лицата со броки помеѓу нула (најмалку привлечно лице) и 20 (најпривлечно лице).
Мажите највисоки оцени им давале на лицата кои истражувачите ги опишуваат како едноставни, со мазна текстура на кожата, со малку брчки и мазни црти.
Студијата објаснува дека човечкиот мозок е програмиран така што преферира работи кои може најлесно и најбрзо да ги процесира, што не е ограничено само на лица, туку вклучува и на пример пејсажи.
Тоа сознание може да ја објасни и огромната раширеност на употребата на смајлито кое има многу едноствно лице поради што и нашиот мозок лесно го перцепира.

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








