Прво венчавка па во авион: Свадба на Аеродромот (ФОТО)

Аеродромите секојдневно се место на разделби и спојувања, а утрово Аеродромот Никола Тесла во Белград беше место каде се случи венчавка.
Како што се наведува во соопштението од аеродромот, београѓанката Весна Радановиќ не знаејќи што ја чека, испланирала пат на Сицилија со својот партнер Предраг Стајиќ, на кои тргнале со пријателите.
Додека го чекале утринскиот лет за Рим во 7 часот на Термиланот 2, Предраг и предложил на Весна да се освежат со кафе и вода. Меѓутоа, Предраг ја одвел до салонот Београд каде ја чекало изненадување - веренички прстен и матичарка.
Од венчањето, младите заедно со своите пријатели, сега и кумови се упатиле кон летот, пишува во соопштението на Аеродромот Никола Тесла, од каде им честитаат на младоженците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









