Чудо во Полска: Се породила жена мртва 55 дена!

Официјални лица од Полска соопштија дека жена која е мртва 55 дена се породила и дека на свет донела здраво дете. Докторите во Вроцлав ја одржувале жената во живот 55 дена за да бебето доволно порасне, додека таа била во мозочна смрт.
Мајката (41) била примена во болница, кога била во седумнаесеттата недела од бременоста, со неизлечив тумор на мозокот, а апаратите кој ја одржувале во живот биле изгасени неколку часа по породувањето.
Бебето поминало три месеци на интезивна нега пред да биде одобрено да се однесе дома.
- Детето е родено на почетокот на годината, во 26 недела од бременоста. Беше тешко 1.000 грама. По три месеци нега неговата здраствена состојба одговара на предвремено родено дете, и нема компликации. Го однесоа дома со три килограми, изјави Барбара Кролак, шефица на одделението во болницата.
- Целото семејство сакаше да го спасиме бебето, додала таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









