Еве како го казни Лепа Брена синот кој си има работа со полицијата

 

Лепа Брена само се насмеала кога дознала дека нејзиниот син го фатила полиција и му пишала казна бидејќи дивеел со 150 километри на час со новиот брз автомобил. 

Виктор Живоиновиќ, синот на Лепа Брена бил фатен како дивее со 150 километри на час со својата лимузина од 150.000 евра, на автопатот Е75 Белград-Нови Сад.

До Виктор во лимузината седел и неговиот татко, Боба Живоиновиќ. Тој се обидел да го оправда синот, но залудно. Полицијата не им прогледала низ прсти зошто е син на Лепа Брена.

Сега за лудото возење семејството ќе си плати казна.

Како што пишува српскиот СВет, Лепа Брена не е многу загрижена за тоа што го направил синот бидејќи на оваа вест само се насмеала. По се изгледа, казна за Виктор кој штотуку наполни 18 години нема да има.

 
 
20.04.2016 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега