Познатиот пејач прозборе за животната драма

Српскиот пејач Ацо Пејовиќ мина низ тежо период откако неговата сопруга Билјана доживела мозочен удар. По нејзиното опоравување, тој целосно се посвти на семејството и на нивниот однос. Ацо открива дека по болеста на неговата сопруга му е најважно здравјето, како и дека борбата за живот на Билјана многу го променила.
Исто така тој додава дека поубавата половина сега го сака животот и сака да ужива во него, а дека од тој кобен ден целото семејство повеќе води сметка за здравјето.
- Го променивме начинот на живот откога Билјана доживеа мозочен удар. Порано не сакаше да се појавува во јавност, тоа не ја интересираше. Сега почна да излегува и јас и реков дека треба да се појавува насекаде и да ужива. Претходно никаде не излегуваше, но сега сме се почесто надвор, и јас сум среќен поради тоа, рекол Пејовиќ кој го прослави својот 44. роденден.
- Сите овие години славев и правев луди журки, така да можам барем еднаш тоа да го прескокнам. Бев пред неколку дена кај моите кумови и пријатели во викендичка, малку се јадеше, малку се пиеше и тоа беше доволно, објаснува Ацо.
Пејачот со Билјана има три ќерки Магдалена, Марија и Ива, што смета поради таа среќа е благословен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









