Еве зошто мора да го исклучите телефонот кога летате во авион

 

Ако не некогаш сте се запрашеле зошто треба да упалите Airplane mode или да го исклучите мобилниот додека летате, еве го одговорот.

Доколку телефонот остане уклучен, теоретски може да предизвика потешкотии за екипажот, за време на летот може да смета при клучната комуникација внатре во авионот и на тој начин да им предизвика проблеми на пилотите. Тие проблеми најчесто се манифестираат така што пилотите слушаат прекинување на сигналот, силно зуење во слушалките.

Секако тоа во праксата доста ретко се случува, што не значи дека мерките на безбедност за тоа се поблаги. На отприлика 50 летови, на пилотите ваква ситуација им се случила еднаш или два пати, затоа што многу едноставно забораваат да ги исклучат своите телефони. Може да има и поголеми проблеми, затоа што имало неколку ситуации каде мобилниот телефон бил виновник за прекинот на комуникација меѓу пилотите и контролната кула.

 

 
 
18.04.2016 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега