Се укинува шоуто „Ѕвездите на Гранд“ - што се случило?

Директорот на продукцијата „Гранд“ Саша Поповиќ одлучи да укине едно од најгледаните балкански шоуа. Од септември веќе нема да има „Ѕвездите на Гранд“, туку ќе започне нов проект, во кој исто така ќе се натпреваруваат млади таленти.
Извор близок на продукцијата за српски „Ало“ екслузивно открива дека по повеќе од десет години емитување, шоуто нема да постои. Новиот проект, според изворот, ќе биде во досега невиден формат и со ново име.
Во него ќе остане истата жири-комисија која во моментот суди во „Ѕвездите на Гранд“, но со ново засилување.
За оваа цел ќе се гради ново студио, а продукцијата се надева дека овој проект ќе ги помести границите.
Потврда пристигнала и од самиот Поповиќ, според кој никој во светот не видел вакво нешто, какво што тој подготвува.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









